Дел од факултетите и овој семестар сами ќе бираат како ќе продолжат со академската година – онлајн, со физичко присуство, или пак комбинирано.
Но, студенти од најголемиот универзитет, „Св. Кирил и Методиј“, реагираат дека сè уште се во неизвесност како ќе се одвива наставата откако периодов се забележува драстично зголемување на бројот на новозаболени од КОВИД-19.
„Сè уште немаме ни информација за сите испити, а камо ли за наставата од втор семестар“, реагираат студентите.
Слична е ситуацијата и на Природно-математичкиот факултет, каде како што сè уште не знаат како ќе се одвива наставата понатаму.
Во меѓувреме, студентите на Општа медицина при Медицинскиот факултет веќе посетуваат предавања со физичко присуство по повеќе предмети.
Во меѓувреме, од Универзитетското студентско собрание на УКИМ информираат дека факултетите и годинава сами бираат како ќе се одвива наставата според нивните можности и емидемиолошката состојба.
„Неприфатливо е на 11-ти јануари се уште да немаат дадено информација за начинот на одвивање на наставата, оставајќи ги студентите во неизвесност, особено оние од другите градови, кои не знаат дали да бараат станови во Скопје, дали да останат под кирија или да се вратат во својот роден град“, коментираат од УСС УКИМ.
И на Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола, одлуката за наставата во текот на следниот семестар повторно ќе се носи на ниво на факултетите, со неколку препораки. Универзитетот „Гоце Делчев“ досега спроведуваше онлајн настава.
Радио МОФ се обиде да добие најнова информација за продолжетокот на наставата од надлежните на овој Универзитет и студентските претставници, но до објавувањето на текстот и оттаму не добивме одговор.
Извор: radiomof.mk