Мислењата во јавноста се поделени - дали учениците треба да се вратат на настава или да учат онлајн. Во игра е и опција за одложување на почетокот на школската година.
Брзото ширење на сојот Омикрон, кој повторно ги полни албулантите и болниците, доведе до неизвесност кога ќе започне и како ќе се одвива наставата во второто полугодие од школската година. Мислењата во јавноста се поделени околу тоа дали учениците треба да се вратат на настава или да учат онлајн. Во игра и е опција за одложување на почетокот на школската година, но крајниот збор го има Комисијата за заштита од заразни болести, која најави дека наскоро ќе се произнесе околу епидемиолошката состојба. Од препораките на епидемиолозите ќе зависи и одлуката на Министерстото за образование дали децата ќе се вратат идната недела во училишните клупи.
Полемика околу маските
Дел од родителите реагираат и за носењето маски на училиште. Микробиологот и професор д-р Никола Пановски вели дека зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски.
За 16 дена, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент.
извор: dw.com