“Свесни сме дека на овој начин нема да привлечеме многу млади луѓе, но би биле задоволни и доколку привлечеме околу 10 семејства.“
Законот за планинските области, којшто ќе почне да се применува од 1 јануари следната година е само едно од решенијата на Хрватска да го запре процесот на емиграцијата што постојано се случува во руралните области.
Градоначалникот на малиот хрватски град Врбовско, Дражен Муфиќ најавува еден интересен проект кој ќе започне од следната година, а ќе се реализира во следните 10 години.
Од следната година планираме да идеме чекор понатаму во нашите намери, па во буџетот за 2019 година ќе издвоиме пола милион куни наменети за уредување на постојните куќи коишто сега не се користат. Тие куќи би им ги понудиле на младите семејства кои се спремни да се доселат и да работат во нашиот град, а првата година предност ќе имаат луѓе коишто овде веќе живеат и работат, а не успеале да го решат своето стамбено прашање. Секако, целта ни се и луѓето од останатите населени средини. Нашата цел е да дојдеме до бројка од 400 до 500 нови сограѓани“, вели г. Дражен Муфиќ за Jutarni.hr.
За оние кои што ќе се доселат предвидена е и финансиска помош од 50 до 100.000 куни (6.750 – 13.500 евра) наменети за уредување на дадениот објект. Тоа ќе бидат бесповратни средства со што оние на кои ќе им бидат доделени ќе мора да гарантираат дека ќе останат да живеат тука.