Вработуваме луѓе без претходно работно искуство! Имаме програмери и проект-менаџери кои претходно биле готвачи во ресторани, гинеколози, градежници и многу други професии кои можете да ги замислите!
Scandiweb e интернационална компанија од IT индустријата, со седиште во Латвија, која е вистински пример за успешна приказна. За нивниот пат од двајца вработени, па се до тим од 453 вработени од 29 различни земји ширум светот, за импресивното портфолио на клиенти како што се Ford, BMW, Hyundai, Mitsubishi, Jaguar, L’Oreal, Lancome, Durex и многу други светски брендови, како и за сите бенефити кои ги нуди компанијата на своите вработени, поразговаравме со Madara Grinberga, коуправител и менаџер за човечки ресурси во Scandiweb.
Madara Grinberga, коуправител и менаџер за човечки ресурси во Scandiweb
Кажете ни нешто повеќе за Scandiweb… Што всушност работи вашата компанија? За кои клиенти работите?
- Scandiweb е агенција за Е-трговија која обезбедува целосни услуги за нашите клиенти, почнувајќи од Business Development до UI Design и Web Development. Нашата авантура ја започнавме во 2003 година со само двајца претприемачи кои седеа во мала соба. Оттогаш, како латвиска компанија, прераснавме во сериозен конкурентен играч во индустријатан за Е-трговија, на светско ниво!
Креиравме веб-страници за големи светски брендови од многу индустрии. На пример, сигурно знаете за L’Oreal или Lancome - тие се наши клиенти! Дали ги препознавате овие марки на автомобили - Ford, BMW, Hyundai, Mitsubishi, Jaguar, или Land Rover? Да, креиравме веб-страници и за нив!
Патувате со AirBaltic? Во право сте - купивте билети на веб-страница направена од Scandiweb! Се разбира, не можеме да ги заборавиме ниту Durex, Puma, Happy Socks, The New York Time и THE MET музејот во Њујорк!
Нашиот број на клиенти постојано расте, па затоа бараме повеќе колеги ширум светот!
Вашето седиште се наоѓа во Латвија, но оперирате од многу локации во светот. Можете ли да ни кажете повеќе за основањето и еволуцијата на компанијата?
- Во моментов имаме седум канцеларии - две се наоѓаат во главниот град на Латвија - Рига. Уште три се наоѓаат во други градови на Латвија - Јелгава, Јекабпилс и Даугавпилс. Во подготовка е уште една канцеларија во Валмиера.
Што се однесува до меѓународните канцеларии, нудиме две опции - имаме канцеларија во Грузија и имаме сопствена онлајн канцеларија која ни овозможува да поврзуваме луѓе почнувајќи од Бразил и Аргентина, па се до Македонија и Виетнам!
Ова е ера на дигитализација - затоа, нашиот фокус е на онлајн канцеларијата која виртуелно ги поврзува нашите колеги од целиот свет!
Кажете ни нешто повеќе за вашиот тим? Колку вработени има Scandiweb на овие локации и колку предизвикувачки е да се работи успешно на далечина?
- Тим на повеќе локации во светот дефинитивно значи различност, а ние тоа го сметаме за предност. За да разбереме како да истражуваме и да стигнеме до нови кандидати во одредена земја, се поврзуваме со нашите колеги од тимот и учиме за спецификите и културата на таа земја!
Во моментов имаме вкупно 453 колеги од 29 различни земји, а овие бројки се во постојан пораст. Но, одржувајќи агилен стил на управување и активна комуникација низ нашите тимови, ние се стремиме постојано да се подобруваме и да го искористиме најдоброто од нашето искуство.
Што е клучно за некој да стане дел од вашиот тим? Диплома или вештини?
- Најдобриот дел за Scandiweb - вработуваме луѓе без претходно работно искуство! Да, правилно прочитавте! Освен поради нашиот меѓународен пристап, нашиот тим е разновиден и поради различните професионални позадини на нашите вработени.
Имаме програмери и проект-менаџери кои претходно биле готвачи во ресторани, гинеколози, градежници и многу други професии кои можете да ги замислите! Ние веруваме во идејата дека не е важно како сте ги стекнале вашите програмски вештини - ако имате основни познавања за HTML, CSS, PHP, jQuery, MySQL или React.js, GraphQL и JS - имате можност да се придружите на нашиот тим! Не е важно дали сте се образувале на училиште, или сте научиле од гледање туторијали на YouTube или можеби сте правеле лични експериментални веб-проекти.
Во Scandiweb нудиме позиции на различни нивоа - почнувајќи од практиканти, па се до сениорски позиции. Отворени сме за разновидни искуства и кандидати кои поседуваат вештини!
Која е најголемата предност на компаниската култура на Scandiweb и што ве прави посакуван работодавач?
- Ние нудиме обемна и континуирано растечка едукација и обуки за колегите кои се приклучуваат со различни нивоа на вештини. Во нашиот тим добредојдени се entry level професионалци, бидејќи сме подготвени да инвестираме во нашите нови колеги за тие да растат и да ги достигнат посакуваните професионални цели.
Нашите колеги имаат можност да работат на возбудливи проекти за големи брендови и значајни клиенти со колеги од различни земји. Имаме голема доверба во нашите нови колеги, па не чекаме да помине време за да им дадеме шанса да напредуваат, доделувајќи им одговорност и улога. Сега, имаме тим лидери кои пред само една година почнаа да работат како девелопери на почетно ниво!
Покрај негувањето на средина за професионален развој, Scandiweb посветува многу внимание на создавање забавни спомени со повеќе активности, работилници и авантури!
Какви бенефиции Scandiweb им нуди на своите вработени?
- Crowdbonus е еден од нашите производи што го создадовме за нашите вработени и на кој сме особено горди. Секој месец колегите можат да го споделат своето „благодарам“ со дополнителен бонус. На крајот на месецот бонусот се претвора во дополнителна исплата на платата!
Онлајн канцеларијата ја одржува блискоста и поврзаноста и можеме да поминуваме време заедно. Откако Ковид-19 ги направи своето во однос на забавите, онлајн канцеларијата ни помогна да одмориме од работата извесно време и да учествуваме во забавни онлајн активности. Инаку, во некои подобри времиња бевме познати и по нашите легендарни забави, на пример, Scandifest!
Имаме други поволности и бенефиции, како здравствено осигурување, покриени спортски активности, јазични курсеви и можности за добивање бројни сертификати! Веруваме во едукацијата и само-развојот – па затоа, им обезбедуваме додатоци и намирници на нашите вработени за да поттикнеме поздрава работна средина.
За крај, кои се вашите идни планови за компанијата во Македонија?
- Продолжуваме да го прошируваме нашиот тим на меѓународно ниво и ги повикуваме кандидатите од Македонија да се приклучат на нашиот тим! Оваа и следните години ветуваат повеќе нови проекти за програмери и проект менаџери, кои се добредојдени да се приклучат и да бидат дел од нашето амбициозно патување во IT секторот и е-трговијата.
Ако Македонците со било каква професионална позадина имаат желба да започнат кариера во IT секторот – добредојдени се! Со оглед на тоа што веруваме дека талентите може да се најдат со било каква професионална позадина, нашиот процес на регрутирање бара од вас да поминете одреден тест. Тоа ни помага да оцениме дали вашите вештини се доволни за да го започнете вашиот пат во IT индустријата заедно со нас.
Ако сè е добро и го положите тестот, во првите месеци, ќе се погрижиме да започнете полека да ја градите вашата кариера и да започнете да растете како професионалец!
Во моментов, Scandiweb има отворени огласи за следните работни позиции:
Junior (Trainee) Web Developer
линк за повеќе детали и аплицирање
Junior Trainee Quality Assurance Specialist
линк за повеќе детали и аплицирање
Junior Project Manager for eCommerce projects
линк за повеќе детали и аплицирање
Junior Trainee React Developer
линк за повеќе детали и аплицирање