Арсим Папранику, првиот човек на Ист Гејт Мол на својот инстаграм профил објави видео со кое го најавува доаѓање на познатиот светски бренд кој сите долго го очекуваме. На него се гледа дека на просторот наменет за овој бренд стои натпис дека H&M ќе започне со работа во 2022 година.
Веста ја потврдуваат и од компанијата каде на официјалната страна е најавено дека во текот на 2022 годината H&M планира да отвори свои продавници на пазарите во Еквадор, Косово и Македонија.
Компанијата во моментов има вкупно 4801 продавница ширум светот. H&M Group е семејство на брендови и бизниси, што им овозможува на клиентите да се изразат преку модата и дизајнот и да изберат поодржлив начин на живот.
Во моментов во портфолиото на East Gate има повеќе од 220 продавници кои претставуваат повеќе од 350 брендови. Трговскиот центар нуди шопинг и забава на 160.000 m2.