Речиси 7.000 компании ставиле клуч на врата минатата година, или скоро 700 повеќе во однос на 2020-та истражува Сител
Речиси 7.000 компании ставиле клуч на врата минатата година, или скоро 700 повеќе во однос на 2020-та истражува Сител
Податоците од Централниот Регистар покажуваат дека корона пандемијата најмногу ги погодила угостителските објекти и трговците на големо и мало.
Се затвориле вкупно 343 ресторани и објекти за послужување храна, како и 181 субјект за послужување пијалоци, 282 неспецијализирани продавници за продажба на храна, пијалоци и тутун, 130 од друга трговија на мало, специјализирани продавници за зеленчук, мебел, градежни материјали, за производоство и продажба на месо, трговија на мало со облека, обувки, играчки, аптеки и слично.
За една година клуч на врата ставиле и 15 фабрики за произивдоство на текстил, облека и обувки.. Во истиот период, згаснале и 190 фризерски салони и 34 за нега и разубавување на тело.
Во 2021 та се основале и над 8.600 фирми. Активни биле 116.140 компании, од кои 68% се трговски друштва.
Ако се споредат бројките по години, најмногу компании, над 10,5 илјади затвориле во 2017-та година.
Инаку, за една година, според бројките на Агенцијата за вработување, без работа само поради ковид пандемијата останеле 16,000 лица.