За клима уредот совршено да работи и притоа да не ви штети по здравјето, задолжително пред секоја летна сезона темелно исчистете го внатре
Замислете што сè завршува во филтерот. Валканиот филтер значи, верувале или не, валкан воздух, а тоа не е нешто што го посакувате.
Наместо да викате мајстор, еве начин како сами да го исчистите клима уредот. Можеби се чини комплицирано, но не е. Само следете ги овие чекори:
1. Безбедноста е на прво место, па прво исклучете го уредот од струја.
2. Тргнете ја предната масла од климата. Обично лесно се отстранува, но на некои уреди е прицврстена со шрафови.
3. Откако ќе ја отстраните маската, веднаш ќе го забележите филтерот, кој се наоѓа на предната маска на уредот. Едноставно извадете го, но внимавајте на евентуални остри објекти кои би можеле да стојат зад него.
4. Измијте го филтерот во када или лавабо. Најдобро е да го измиете само со топла вода, но можете да употребите и детергент ако филтерот е премногу валкан.
5. На крај, погрижете се филтерот да биде сув пред да го вратите на почетната позиција. Наместете го филтерот на климата и тоа е тоа!