Џесика Хигс, возачка вработена во компанија за испорака на продукти, го спасила животот на еден постар човек додека доставувала до неговата куќа.
"Немате можност да помагате на некој друг секој ден, а камоли да спасите нечиј живот. Но, ако го направите, сигурно нема да зажалите што преземате нешто такво. Ако видите нешто, кажете ", рекла Џесика во објавата на TikTok која што стана вирална.
Имено, Хигс добила нарачка од ќерката, која нарачувала намирници за нејзиниот татко. По упатството и протоколот на фирмата во која работи, на доставувачот не му е дозволен влез во домовите. Пратките треба да се оставаат пред куќата и да се замине.
Меѓутоа, додека таа ги оставала продуктите на тремот, пред куќата излегол постар маж. Џесика тврди дека чувствувала дека нешто не е во ред.
„Нешто ми рече дека не треба да заминам и дека морам да му помогнам на овој човек. Морав да направам нешто“, вели таа. Потоа решила да ги прекрши правилата на компанијата и да му ги донесе продуктите на мажот во куќата. Ги ставила каде што сакал и помирисала бензин во куќата. Таа одлучила дека најдобро решение е да и испрати порака на неговата ќерка.
„Господинот не е добро, болен е. Во куќата има резервоар со пропан и јас бев таму кратко време и ми се врти во главата, сигурно некаде тече плин“, ѝ напишала на ќерката, која на крајот сериозно ја сфатила пораката.
Го испратила својот син да провери што се случува, а Џесика го подигнала бакшишот. Таа ја оценила со пет ѕвезди апликацијата за испорака и напишала коментар дека Хигс му го спасила животот на нејзиниот татко.