Аеродромот на островот Света Хелена распиша оглас за граничен контролор чија работа ќе биде да прави надзор на патниците, а бидејќи на аеродромот таму слетува само еден авион неделно, многу е веројатно дека кандидатот нема премногу да работи.
Ова е веројатно најлесната работа на светот! Малиот остров Св. Хелена кој се наоѓа на Атлантскиот океан распиша оглас за работно место граничен контролор на аеродром. Но кандидатот кој ќе ја има среќата да се вработи и нема баш толку многу да работи. На островот живеат 4.500 жители, а на аеродромот кој сите го нарекуваат “најбескорисен аеродром на светот“ авион слетува само еднаш неделно.
Среќникот кој ќе ја добие оваа работа ќе заработува 50.000 фунти годишно (околу 56 илјади евра).
На островот живеат околу 4.500 жители, а неговата површина изнесува 425 квадратни километри. Првично ненаселениот остров на кој Наполеон после поразот ги поминал последните денови од животот е откриен од страна на португалски морепловец, но со време преминал под управа на Британска источноиндијска компанија.
Жителите се потомци на британските иселеници коишто со текот на времето доаѓале да работат во оваа компанија, а подоцна се доведени и робови од Африка, Индијци и Кинези.
Единствениот комерцијален авион што слетува на овој аеродром е од јужноафричките републики.