„Би рекол дека животот во Загреб е сличен на животот во Скопје, нема некоја преголема разлика. Се беше одлично, добро ме прифатија, особено регионалниот менаџер, што е многу важно, особено на почетокот кога уште не го познававме добро градот“,
SPAR, еден од најголемите трговски ланци во Хрватска, е во потрага по заинтересирани кандитати кои сакаат својата кариера да ја започнат и да ја развиваат во Хрватска. Имено, поради континуираниот раст, SPAR нуди прилика за работа за способни, самоиницијативни, комуникативни и амбициозни вработени. Секој кандитат кој сака да стане дел од тимот на SPAR, ќе помине низ еден едноставен процес на селекција, при што кандитатот може да смета на поддршка од искусни советници за регрутирање во секое време. На вработените од други земји им се обезбедува бесплатно сместување во градот во кој ќе се вработат, кое вклучува и платени трошоци и сметки за станот. Задоволството од работата и животот во Хрватска, со нас го споделија нашите сограѓани кои се одлучија за овој чекор и за оваа одлична можност пред неколку години.
Димче Костовски е вработен во Спар веќе две години. Покрај бројните поволности што му ги овозможува SPAR како работодавач, тој го издвојува и платеното патување во Македонија за годишен одмор. Тоа е прилика за да се види со пријателите и фамилијата која не ја пропушта, но и да им каже колку одлично се чувствува во Хрватска. „Самиот процес на вработување не беше воопшто комплициран. Агенцијата Вработување која го водеше процесот на вработување е најдобра во Македонија. Откако дознав дека сум стигнал до потесниот круг за избор на кандидати, агенцијата договори средба со SPAR што се одржа преку Skype. Имавме можност да избереме неколку сектори во продавницата каде што би работеле – на пиљара, пијалоци итн. Поминав низ неколку оддели, а моментално работам на прием на роба“, се зборовите со кои Димче го опиша својот почеток на соработка со SPAR и неговото секојдневие.
Како што истакнува, SPAR e работодавач кој го пречекал со раширени раце. Покрај сместувањето кое е обезбедено од SPAR и за кое не требало да се грижи, Димче се сретнал со нешто уште поважно, а тоа е безрезервната поддршка на секој чекор. Тој дошол во Хрватска во група со уште седум други колеги и бил пречекан од регионалните менаџери.
„Следниот ден со помош на регионалниот менаџер ги завршивме сите процеси што ни беа потребни - лекарски преглед, регистрација на живеалиште, ни објасни како да одиме во банка и други важни чекори. Немав големи очекувања, но кога излегов од сместувањето добив повеќе отколку што можев да замислам. Би сакал да ги пофалам и моите колеги кои ни помогнаа да се снајдеме во новата средина и кои нè научија да работиме. Она што е исто така особено добро и сосема различно од Македонија се условите за работа. Имено, во Хрватска се многу добри: има распоред, четири дена се работи седум часа, два дена по шест часа во смени, а слободен ден е слободен“, додава тој.
Покрај тоа, Димче Костовски, има искуство и со работа во Хрватска и на копно и на море, поточно во Истра, која во меѓувреме стана и негов постојан дом. „Во СПАР можеме да работиме за време на сезоната, односно да им помогнеме на нашите колеги во филијалите на море во месеците кога има зголемен обем на работа. Така отидов сезонски и во Лабин и на крајот останав таму трајно. Мене ми одговара од повеќе причини. Лабин повеќе ми одговара од Загреб, иако и Загреб е убав град. Веројатно затоа што тоа е помала средина која ме потсетува на мојата татковина“, вели тој.
Двегодишно работно искуство во SPAR има и Мики Ивановски. „Многу ми се допаѓа животот во Загреб. Работам во маркет на улицата Grada Mainza, моментално во пекарскиот оддел. Порано работев во неколку различни оддели, примав роба, редев полици, накратко: ги поминав главно сите делови. И јас дојдов преку агенцијата Вработување. Процесот на вработување беше одличен. По пристигнувањето во Загреб, ме пречека регионална менаџерка која ми помогна да се снајдам. Таа ми помогна со документацијата, систематскиот преглед, пријави, банки - сè. Регионалните менаџери беа цело време со нас на почетокот и во ниту еден момент не бевме оставени сами на себе“, рече тој.
Тој додава дека би бил среќен доколку во Загреб му се придружат повеќе колеги од Македонија. „Во Истра останаа повеќе мои сограѓани, но јас решив да одам во Загреб бидејќи овде имам многу пријатели од Македонија, но и од Хрватска. Меѓу моите колеги од работа има луѓе од Србија и Црна Гора, што ме радува бидејќи стекнав пријатели од различни земји“, рече тој.
Мики Ивановски во Загреб дошол од источна Македонија, од мал град со 15.000 жители. Она што особено му се допаѓа на Хрватска е што менталитетот е речиси ист. „Би рекол дека животот во Загреб е сличен на животот во Скопје, нема некоја преголема разлика. Се беше одлично, добро ме прифатија, особено регионалниот менаџер, што е многу важно, особено на почетокот кога уште не го познававме добро градот“, вели тој.
Зошто е добро да се работи во SPAR?
Имајќи на ум дека вработените се клучот на успехот, SPAR е работодавач кој систематски вложува во создавање на стимулативна работна средина и на вработените им овозможува бројни можности за напредување и личен развој. На вработените од други земји им се обезбедува бесплатно сместување во градот на вработување, кое вклучува платени комуналии. Во моментов, работни места се отворени примарно во Загреб, со можност за сезонска работа на крајбрежјето во текот на летните месеци.
Придружете ни се и работете со нас во SPAR во Хрватска! Аплицирајте лесно, преку ОВОЈ ЛИНК