Многу луѓе од светот се запрашуваат како изгледа најголемата воена зграда во светот. Премногу прашања но се помалку одговори. Ќе ви откриеме неколку тајни за најголемата воена зграда која е изградена на бреговите на реката Потомак во Арлингтон, Вирџинија, САД, недалеку од Вашингтон.
Пентагон носи многу тајни во себе, засега не откриени за јавноста. Тамо е сместена централната американска воена администрација, снабдена е со најмодерни уреди неопходни за воените потреби.
Во зградата на Пентагон се наоѓа и командата на копнените, морските и воздушните воени сили на САД, како и кабинетот на државниот секретар за одбрана.
Всушност, зградата е поставена со цел на едно место да се собере целото воено управување на САД. Изградбата на Пентагон почнала во 1941 година и траела 16 месеци со најразлични инженери и работници од цела Америка. Кога бил изграден, тој бил најшироката административна зграда во светот. Конструкцијата на зградата е квалитетна составена и изградена од најскапи материјали во светот. Пентагон зазема простор од 14 хектари, вклучително со внатрешниот двор, кој зафаќа површина од 2 хектари, тоа е големо место изградено со најсовршени Американски технологии и центри за специјални служби и канцеларии.
Во Пентагон работат околу 23.000 луѓе. Сите имаат различна работна цел и мисија за исполнување на своите воени задачи .Пентагон се состои од пет пет катни пето аголни корпуси. Поставени како страни на еден во друг влезени петоаголници, помеѓу себе поврзани со коридори. Има многу интересни факти за Пентагон кои малку луѓе знаат како всушност изгледа внатрешноста на оваа воена зграда.
Пентагон располага со сопствена радио-телевизиска станица и плато за хеликоптери исто така ја има една од најголемите телефонски централи во светот, која обезбедува сигурен проток на околу 200.000 разговори дневно.
Автомобилскиот паркинг е околу зградата собира околу 10.000 превозни средства и зазема површина од 27 хектари. Преубаво место околу зградата го исполнуваат и уредените дворови кои секој ден се одржуваат да бидат на највисоко ниво на елеганција.
Тука работи и најголемиот комплекс за приготвување храна во светот, кој дневно реализира околу 15.000 оброци.
Пентагон беше мета на терористички напад 11 септември 2001 година. Боинг 757 Американ Ерлајнз на летот 77,го презедоа терористи и со западното крило удри на зградата и притоа погинаа 189 луѓе,5 терористи,59 патници и членови на екипажот и 125 што биле вработени во таа зграда.
Пентагон се смета како место со најмногу скриени тајни во светот, кои ретко дека некогаш ќе бидат откриени за јавноста.