Од 200 тестирани основци за Ковид-19, само едно дете било позитивно – ова е резултатот од првиот ден скрининг во скопските училишта со брзи тестови, кој ќе продолжи во понеделник.
Здравствените власти се задоволни од реакцијата на родителите, а за потребните 1000 анализи добиле над 4000 согласности. „Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на овие анализи кај учениците“, изјави министерот за здравство, Беким Сали. „Она што го гледаме е дека повеќето држави одржуваат настава со редовност, нема онлајн настава, но меѓутоа за да бидеме релевантни и да не настане штета по нашите деца сепак овој скрининг ќе ја покаже вистинската насока по која се движиме“, изјави д-р Владимир Рендевски, заменик министер за здравство. Извор.ticka.com.mkСкрининг во училиштата:Од 200 деца само едно позитивнo
Aktualno
-
Кои апарати за домаќинство трошат струја дури и кога се исклучени?
Цените на струјата се зголемуваат, но висината на сметката сепак најмногу зависи од потрошувачката.
-
Речиси секој четврти работник во Европа е мигрант
Речиси секој четврти работник во Европа сега е мигрант. Особено во земјите со високи плати, овие луѓе играат сè поголема улога, според Меѓународната организација на трудот (ILO).
-
Колку вреди трудот на македонските готвачи во Германија?
Германија, позната по својот висок животен стандард и богата кулинарска сцена, е една од омилените дестинации за многу Македонци кои сакаат подобри услови за работа.
-
Новогодишна прослава за „само“ 550 евра! Еве колку чини луксузот наречен Нова година во Белград
Новогодишната ноќ во Белград полека станува луксуз кој многу луѓе тешко можат да си го дозволат. Од вечери во ресторани до резервации во клубови, цените вртоглаво растат, па излегувањето за најлудата ноќ може да чини колку просечна месечна плата и многу повеќе.
-
Преведувачите со полни раце работа: Кои документи граѓаните ги преведуваат за заминување во странство?
Во последниве години, се забележува значителен пораст на побарувачката за преведувачки услуги во Македонија, предизвикан од трендот на миграција. Голем број граѓани, било поради иселување во странство или заминување на привремена работа, имаат потреба од превод на документи како дипломи, препораки, потврди за неосудуваност и слично.
-
ТАВ Аеродроми: Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром
По денешната средба меѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, билетите за трите нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт се официјално во продажба на веб-страницата на Визер.