И пред пандемијата дигитализацијата имаше силно влијание врз приватниот живот на овие вработени, но за време на кризата како да се изгуби линијата меѓу приватниот живот и работата. Резултат – стрес како никогаш досега
Пандемијата на коронавирус промени многу работи во секојдневниот живот, особено за оние кои работат во ИТ секторот или на работни места зависни од дигиталниот сегмент. И пред пандемијата дигитализацијата имаше силно влијание врз приватниот живот на овие вработени, но за време на кризата како да се изгуби линијата меѓу приватниот живот и работата. Резултат – стрес како никогаш досега.
Имено, при работа на далечина и кога човек е достапен преку различни канали, се очекува да биде таму 24 часа на ден, седум дена во неделата. Како да стана „ново нормално“ и нема никаква врска со пандемијата. Вработените затоа „прегоруваат“, се емотивно понестабилни, подепресивни и сето тоа влијае на апсолутно секој дел од нивниот живот. Влијае на односите со пријателите, семејството, самите себе, а носи и проблеми со нивното психофизичко здравје.
И ништо од ова не е случајно кажано, истражувањата покажуваат дека 30% од Американците минатата година „биле онлајн буквално во секое време“. Буквално легнувале и се буделе со телефон, таблет или лаптоп покрај нив - објави ICT business.
Ова се прелеа во приватните животи на голем дел од вработените кои работат на далечина, па како последица на тоа луѓето создадоа неверојатна потреба да го решат секој дел од комуникацијата токму сега. Кога некој ќе добие порака, сака веднаш да одговори на неа, и секако да ја види. Попатно, неговата концентрација талка на споредни работи и така се наоѓа во маѓепсан круг. А секако тука се и известувањата кои постојано не потсетуваат дека „нешто мора да се направи“.
Но, сето тоа е само во нашите глави, не мораме ништо. По работното време, доволно е да се исклучите, во приватниот живот доволно е да ги исклучите известувањата и да не „скокате“ на секој звук од телефонот.
Експертите предупредуваат дека за ментално здравје потребно е барем неколку часа дневно да се држите подалеку од дигиталните уреди, да шетате во природа, да разговарате во живо, да се занимавате со каква било активност која не вклучува дигитален уред. Пробајте го овој пристап и по неколку дена сигурно ќе почувствувате промена на подобро.