Пред 100 години, на 2. септември 1922 година, е основана „Парна Пивара“
Тоа е првото име на нашата компанија – Пивара Скопје. Таа 1922 година се поставени и темелите на првата фабрика за пиво во нашата земја, која и денес се наоѓа на истата локација. Две години подоцна биле наточени првите буриња со нашето најдобро – Скопско. Ова се почетоците на автентичната приказна за Пивара Скопје, но и на целокупната домашна индустрија за пијалаци, во чиj развој се вградени години и децении посветена работа на генерации горди Пиварци.
Нашето чувство за гордост произлегува од нашата компаниска култура. Таа нè поттикнува да го извлечеме најдоброто од себе и да го вградиме во силните брендови што ги создаваме. Горди сме на нивниот висок квалитет, на богатството од вкусови кои креираат неповторливо искуство и се неизоставен дел од сите заеднички моменти вредни за паметење.
Оваа година заедно славиме и наздравуваме за 100-годишнината на Пивара Скопје.
Наздравуваме за 100 години традиција, 100 години искуство и за годините што доаѓаат!
Наздравуваме за сите Пиварци што ја создаваа Пивара Скопје во изминатите 100 години, но и за сите оние што ќе се грижат за нејзиниот одржлив развој во иднина.
Наздравуваме и за партнерството кое го градиме со нашите консументи, купувачи и со заедницата на која припаѓаме.
Заедно создаваме, заедно растеме и заедно се радуваме за сите досегашни успеси и за сите оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
Во чест на оваа значајна годишнина создадовме и ново, јубилејно лого, кое со гордост ви го претставуваме. Во него се вградени нашата 100 годишна традиција, нашата сегашност и нашата заедничка иднина која се темели на безвременско партнерство со вас – со консументите, купувачите, вработените, соработниците и со целата заедница. Во него е вградена и на нашата постојана грижа за животната средина и стремежот за одржлив развој.