Хрватскиот блог projektnjemacka.com направи анализа на германските просечни плати за неколку позиции, без признаени дипломи:
Што се однесува до професиите со призната диплома, ситуацијата е следна:
Доколку ве интересира просечната плата од друга професија, одете на оваа страница - BA Entgeldatlas Да напоменеме дека ова се бруто плати.
Разликата помеѓу бруто и нето
Бруто платата е она што го плаќа работодавачот, а нето платата е она што го добивате на сметка. Во Германија, а и во другите регулирани земји, работодавачот СЕКОГАШ преговара за бруто платата со кандидатот, затоа што знае колку буџет може да потроши за него. Ако сте договориле 2.500 евра плата, тогаш тоа е бруто. Ако добиете 1.700 евра на вашата сметка, тогаш тоа е нето.
Каде оди остатокот од платата?
разликата помеѓу бруто и нето платата одат за разни бенефиции што и ги должите на државата во вид на даноци (Steuern) и бенефиции што одат за вашите лични потреби во форма на социјални давачки (Sozialabgaben)
Даноци
Lohnsteuer
Данок кон држава - (14-42% од платата, зависи од даночната класа и висина на платата)
Kirchensteuer
Данок за Црквата – (8-9% од Lohnsteuer, Пример: ќе платите 200 € Lohnsteuer, а потоа ќе дадете 16-18 € за Kirchensteuer)
Збирот на Lohnsteuer и Kirchensteuer ви кажува колку данок ќе платите.
Социјални давачки (Sozialabgaben)
Arbeitslosenversicherung
Парите што ги плаќате ако ја изгубите работата - износот на одбитоците зависи од вашата даночна класа и висината на прихдите. Во основа овој дел се плаќа за во случај на отказ во Германија да можете да добивате соодветен надомест за невработени од заводот за вработување.
Krankenversicherung
Плаќање за здравствено осигурување - износот на одбитоците за здравствено осигурување е 14,6% од вашата плата, а половина го плаќа работодавачот (секое здравствено осигурување наплаќа дополнителни 1,3%, така што можете да заштедите до 500 евра годишно ако најдете добра понуда).
Pflegeversicherung
Плаќање за идните потреби за нега - износот на одбитоците зависи од вашата даночна класа и висина на приход.
Rentenversicherung
Одбиток за пензија - износот на одбитоците зависи од вашата даночна класа и приход.
На примерот на Иван (измислен лик), ќе објасниме како изгледа платата:
Иван е 26-годишен водоинсталатер кој прима просечна плата од 3.136 евра, оди во црква, има сопруга која заработува помалку од него и е во даночна класа 3. Тие сè уште немаат деца и живеат во Баварија. Иван е осигурен преку БАРМЕР осигурување. Изгледа дека Иван има речиси 800 евра помала плата кога му се одземат сите давачки кои треба да се платат.
Да заклучиме
Следниот пат кога ќе се запрашате зошто Германија е толку организирана, имајте на ум дека тоа е затоа што сите плаќатаат даноци и помагаат да се одржи организацијата во државата.