Иван Вангелов од Богданци се занимава со плантажно одгледување на тартуфи: Македонија има одлична плодна почва и клима за создавање на сите видови комерцијални тартуфи
„Светскиот деликатес и афродизијак, печурката тартуф, се добива со процес на микоризација, односно заразување на дрвцата со мицелија, на кои потоа се создаваат тартуфи“, вели Иван, еден од ретките стручњаци кој се занимава со ваква методологија во Македонија.
Цената на тартуфите зависи од нивниот вид, сезоната во која се собираат и кај нас достигнува од 100 до 300 евра за црн тартуф, односно 1.500 до 3.000 евра за бел тартуф. Надвор од границите на државата овие бројки се повисоки. Иван произведува заразени дрвја, даб и лешник, на кои се раѓаат црно-бели тартуфи. Црните се користат во храната, додека белите се едни од најскапите во светот. Вангелов користи таканаречен тилонски метод на микоризал, со исклучиво македонска генетика. Со други зборови, самите дабови дрвја се од македонското подрачје, како и семето. Цената на едно расадче се движи од 10 до 12 евра, во зависност од видот на габата.
„Македонија има одлична плодна почва и клима за создавање на сите видови на комерцијални тартуфи“, вели Вангелов.
Тартуфите имаат огромно гастрономско влијание користејќи се како додаток и засилувач на вкусот на скоро сите видови јадења, предјадења, салати, десерти. Содржат голема количина на високо квалитетни протеини и сите неопходни аминокиселини, минерални соли, високо ниво на калциум, магнезиум, содиум, железо, цинк, како и витамини Б1, Б2, Б3, Б12 и Д.
Целиот текст на:agrotim.mk