На списокот на членови на Француската Републиканска партија кои можеле да гласаат на предизборите за претседател на партијата во декември минатата година, се нашло и куче.
Советникот на Ерик Чиоти, кандидатот кој не победил на изборите, признал дека го додал своето куче на листата, објави вчера истражувачката онлајн платформа Медиапарт. Тој на шега платил членарина од 30 евра за своето куче Кловис, но не му купил мобилен телефон кој е неопходен за учество на изборите.
На почетокот на декември, републиканците ја прогласија поранешната државна секретарка Валери Пекрес за нивна прва жена кандидат. Се шират гласини дека некои од 140.000 членови на партијата поканети да гласаат, биле нагло и под сомнителни околности додадени на списокот.
На списокот има и тројца починати, објави вчера весникот Либерасион.
Пекресе изјави за BFMTV дека веста за нерегуларностите поврзани со изборите е обид да се дестабилизира.