APS Career Day на 16 март – Придружете ни се!
Agile Pro Solutions (APS MC) го организира својот втор Ден на кариера за дипломирани студенти и професионалци во продажба, администрација, dispatch, грижа за корисници итн. Настанот ќе се одржи на 16 март. Присутните на Денот на кариера ќе се стекнат со информации за американската деловна култура, разновидноста на кариерните патеки и трендовите на пазарот, а ќе имаат и единствена можност да го запознаат менаџментот и експертите на APS и да ги слушнат нивните успешни приказни.
„Нашиот прв ден на кариера во 2020 година беше почеток за многу од нашите вработени кои тогаш беа дипломирани, а сега уживаат во успешна кариера. Ова е идеална можност за спојување на македонски таленти со американски бизнис и шанса за вмрежување додека разговарате за позициите со полно работно и за оние за практикантска работа, за споделување резимеа за идни слободни позиции, а можеби дури и за вработување на лице место“ – вели г-дин Noam Yahav. основачот и извршен директор на APS MC.
Сите детали за настанот и начинот на аплицирање можете да ги најдете на: APS-CAREER-DAY