Прочитајте го вашиот месечен хороскоп за месец јули и дознајте што ве очекува на професионалното поле
ОВЕН
Ќе имате можност да работите на својата провизија околу 5 јули. Финансиската добивка од оваа работа нема да биде занемарувачка. Почнувајќи од 9 јули вашата секојдневна рутина на работа би требало да стане пријатна и стабилна. Доколку имате правни или бирократски проблеми, решението би можело да се укаже на средината на месецот. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули ќе ве поттикне да започнете со размислување за евентуална работа од дома. Самостојната работа ќе биде позитивна промена доколку досега сте имале работа со напорен шеф. Помрачувањето на Месецот на 27 јули ќе означи крај на успешен групен проект. Време е да прославите!
БИК
Соработката со партнерот може да ви помогне да напредувате околу 5 јули. Возможна е нова позиција околу 9 јули кога вашиот креативен талент ќе биде на висока цена. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули може да ви донесе изненадувачки вести за некого за кого сте имале високо почитување. Тоа е доказ дека дури и најголемите експерти се луѓе од крв и месо. На 14 јули ќе ви се појави можност да се пријавите и да учествувате на одреден курс, а оваа можност вреди за сиот ваш труд, пари и време. За крај, на 27 јули ќе означите крај на напорната улога која сте ја извршувале што ќе ви овозможи да го искористите слободното време за барање на подобра и поисплатлива работа.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте им вашите агресивни “експерти“ да ве испровоцираат уште на почетокот на месецот. Доколку ја зачувате вашата грациозност, ќе привлечете неверојатна понуда за работа. Можеби ќе почнете да работите за уметничка или непрофитна организација околу 8 јули. Оваа позиција е можеби токму тоа што го барате. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули може да ви донесе понуда која со себе носи повеќе проблеми отколку бенефити. Избегнувајте склучување договори околу 25 јули. Не сакате да зависите од некој со превртлив карактер. Помрачувањето на Месецот на 27 јули ќе ви помогне да завршите креативен проект кој сте го започнале.
РАК
Ќе бидете доста барани во првата половина од месецот. Пресвртници во вашата кариера може да очекувате на 5 и 9 јули. Подгответе се за унапредување, покачување или обете. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули може да доведе до конфликт со манипулативен колега. Можно е да се пожалите од некој којшто ве притиска или се обидел да ве заплаши. Финансиските преговори можат да започнат околу 25 јули кога ќе ви биде понудена значителна сума. Почекајте до почетокот на другата половина од август пред да потпишете било каков договор. Помрачувањето на Месечината кој ќе се случи два дена подоцна ќе означи крај на стариот договор. По ова можете слободно да барате нови шанси.
ЛАВ
Шанса за заработување пари преку работа од дома може да се укаже околу 5 јули. Доколку некогаш сте посакувале да започнете свој бизнис, ова е одличен период да го направите тоа. До дополнителен капитал или инвеститори можете да дојдете околу 8 јули. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули ќе ви обелодени неколку сокриени информации. Доколку некој објект или магацин е проценет како небезбеден, барајте нов објект. Ќе бидете приморани да ги промените своите планови околу 25 јули. Бидете што е можно пофлексибилни. Два дена покасно, помрачувањето на Месечината може да означи крај на професионално партнерство. И двајцата ќе имате корист од ваквото раздвојување.
ДЕВИЦА
Одолејте му на искушението да критикувате колега околу 5 јули. Поддршката од оваа личност ќе ви биде потребна повеќе отколку што мисите. Вашата моќ за убедување ќе го достигне својот врв почнувајќи од 9 јули. Искористете ја оваа шанса и стекнете нови клиенти, започнете промотивна кампања или покажете ги своите креативни способности. Иако другите ќе сакаат да ви се приклучат во вашата работа, најдобро е да продолжите сами. За крај, ќе имате шанса да се повлечете од лош договор на 25 јули. Помрачувањето на Месечината ќе се оствари 2 дена подоцна, означувајќи крај на една напорна работна задача.
ВАГА
Интересна понуда за работа може да се појави на 5 јули, но потрудете се да ја подготвите целата документација дури после 10 јули кога ќе можете да поставите свои услови. Пари од дивиденда, наследство или правна спогодба ќе пристигнат неколку дена потоа овозможувајќи ви можност да се посветите на својата кариера за која отсекогаш сте сонувале. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули ќе означи почеток на големи промени во вашата кариера поради кои ќе морате да земете слободни денови или одмор. Задолжително проверете ги адресите (внимателно) пред да испратите било каков меил или порака после 25 јули за да избегнете непријатни грешки.
СКОРПИЈА
Вашата беспрекорна деловна репутација може да доведе до креативна задолженост на 5 јули. Не ги споделувајте деталите за проектот на кој работите додека не го завршите истиот. Стариот проект ќе започне да напредува по 10 јули давајќи ви нова надеж. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули може да предизвика вашиот ривал да излезе од сенката. Можно е да се запрепастите кога ќе дознаете кој колега се обидувал да ве саботира. Меѓутоа, придржувањето кон професионализмот може да го поплочи вашиот пат кон унапредување кое треба да се случи на 22 јули. Можеби е неопходно да прифатите одговорност за срамотната грешка од пред неколку недели. Благодарение на помрачувањето на Месечината на 27 јули ќе дознаете дека тој договор е неважечки.
СТРЕЛЕЦ
Работата со бирократско организирање може да биде многу поволна околу 5 јули. Формирањето на деловен сојуз со државна агенција, болница или универзитет ќе ви биде од корист. Ќе добиете понуда да се вратите на пониска позиција околу 10 јули. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули може да ви донесе непријатно изненадување поврзано со финансиските извештаи. Можеби ќе морате повторно да се позабавувате со проблемот од пред неколку недели. Контактирањето на адвокатот може да ви биде од голема помош. Помрачувањето на Месецот на 27 јули може да доведе до изненадувачки крај на договорот за работа. Една од страните може да изјави дека повеќе не е подготвена да се придржува кон договорените правила.
ЈАРЕЦ
Приджувањето до професионална организираност околу 5 јули ќе ви биде од корист. Некој од вашата група може да ви помогне во пронаоѓање на одлични позиции околу 10 јули. Меѓутоа, помрачувањето на Сонцето на 12 јули ќе ве предупреди да не се приклучувате кон партнерството кое ќе ви биде понудено. Личноста со која имате работа нема намера да ве сослуша или да ви помогне. Возможно е да тргнете на деловно патување околу 14 јули. Условите од договорот кој претходно сте го потпишале можеби ќе се променат на 25 јули. Помрачувањето на Месечината два дена подоцна може да означи крај на еден извор на приходи. Побарајте иновативен начин за заработка.
ВОДОЛИЈА
Повисока позиција или унапредување може да ви биде доделено околу 5 јули. Ќе бидете во можност да потпишете договор од соништата во наредните неколку денови. Немојте да се обидувате да побарате поголема плата од тоа што е предвидено. Професионалната шанса која пресушила пред некое време може повторно да заживее околу 10 јули. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули може да стави точка на еден креативен проект. Љубоморниот ривал можеби ќе успее да ја добие оваа работа. Бивш деловен соработник може повторно да се врати во вашиот живот околу 25 јули. Бидете подготвени да го смените описот на вашата работна позиција благодарение на помрачувањето на Месечината која ќе се случи два дена подоцна.
РИБИ
Работа која е поврзана со уметноста може да ви биде понудена околу 8 јули што ќе предизвика да запеете од среќа. Ќе уживате во можноста да работите со креативен колега. Помрачувањето на Сонцето на 12 јули ќе ве предупреди да не се однесувате непромислено. Вашата мисија нека биде да се претставите како вреден и способен професионалец. Можеби ќе ви се укаже шанса да соработувате со бившиот газда околу 25 јули. Ова ќе биде одличен начин да стекнете дополнителна заработка. Два дена подоцна, помрачувањето на Месечината може да предизвика крај на период на несигурност.