Некои од апликантите доставиле фалсификувани јазични сертификати кога аплицирале за германска виза во амбасадата во Скопје
Денеска оттаму побараа да се обрне внимание на тоа, дека германската Амбасада не прифаќа фалсификувани јазични сертификати во постапките за виза.
„Доколку доставите фалсификат (свесно или несвесно), тогаш Вашето барање не само што ќе биде одбиено, туку исто така ќе бидете внесени во интеринституционалната „датотека за предупредување за визи“. Освен тоа, институцијата што нуди полагање за јазични сертификати ќе биде известена дека сте поднеле фалсификат во Амбасадата. Од тоа може да произлезе забрана за полагање на испити до една година. Ве молиме пријавувајте се само кај признати јазични училишта за полагање на испит и не дозволувајте да бидете измамени од лажни ветувања за полесен испит или пак за фалсификувани сертификати што изгледаат како вистински, стои во известувањето од амбасадата.
Додаваат дека треба да се има предвид дека фалсификуваните јазични сертификати имаат сериозни последици за барањето за виза и за следните барања.