Медицинскиот дел од Кризниот штаб на Србија денеска ќе оди на консултации кај премиерката Ана Брнабиќ, а ќе се разговара и за укинување на некои мерки против Ковид 19.
Според неофицијални информации, први би можеле да се укинат ковид пропусниците за влез во угостителските објекти, кои беа воведени на 23 октомври минатата година, а кои важеа од 22 часот, а подоцна, на 8 ноември, важноста им беше поместена за 20 часот и станаа услов за влез и во казина и обложувалници, пишува „Телеграф“.
„Ќе се направат консултации, но не е сигурно дека ќе се укинат некои од мерките“, изјави извор близок до Кризниот штаб. Иако и покрај очигледниот пад на бројот на заболени, членовите на медицинскиот дел од Кризниот штаб се убедени дека се уште не е време за целосно олабавување на мерките, иако се свесни дека мерките не се почитуваат и постојат само формално“.