Не нѝ требаат стандарди за рибни патеки, туку реките да ни останат слободни, апелираат граѓаните од село Жировница, кои веќе неколку години се бори да не се изградат мали хидроцентрали на Жировничка река.
Во земјава веќе се реализирани 98, а планирани се уште педесетина мали хидроцентрали. Една од нив е и таа на Крапска река, за која се вели дека населението дознало дека е планирана кога градежната механизација се појавила во селото и почнала да копа. Резултат на тоа, денеска се недостатоците на вода за Локвица и Вир, за кои, вели, допрва им претстои борба со институциите да ги надминат.
Енергетските објекти на Жировничка река не се изградени. Спречени се со активности на населението.
Годинава се планирани над 3.000 хидроенергетски проекти. Тие се предвидени како обновливи извори на енергија, но не се и одржливи. Тие можат да значат почеток на крајот на балканските реки кои ги знаеме како уникатни.
Минатата година Државниот инспекторат за животна средина решил два случаи по пријава за мали хидроелектрани на Маркова и Кадина река. Во првиот случај на Маркова река, водостопански инспектор издал решение за забрана за работа заради тоа што инвеститорот го затрпал коритото и оневозможил протокот на риби. На Кадина река, пак, била изградена преграда за некој да си произведува струја.
Штетите од малите хидроцентрали се големи. Ставањето на водите во цевка остава суви речни корита, го загрозува биодиверзитетот и опстанокот на акватичните и ендемски видови. Изградбата на патиштата предизвикува сеча на шумите, ерозија на земјиштето, а се јавува и криволов. Губи природата, но и локалните заедници.
извор: meta.mk