Старо дрво со висина од околу 20 метри утрово падна и оштети автомобили во скопската населба Капиштец. Според неофицијални информации причина за падот е снегот кој паѓаше во текот на вечерта.
На фотографиите се гледа дека еден автомобил е целосно оштетен, а дополнителна материјална штета е причинета и на околните објекти и автомобили.
Очевидци од оваа населба за Скопје Инфо сведочат дека утринава ги разбудил силен звук, причинет од падот на дрвото. Тие додаваат дека до сега во неколку наврати апелирале дрвото да биде исечено.