Овие практични совети ќе ви помогнат да ги отстраните старите дамки, па вашите стари работи ќе станат како нови.
Проверено и ефикасно!
Даска за сечење
Вратете го првобитниот изглед на даската за сечење: едноставно, исчистете ја со сунѓер натопен во раствор од лимонов сок и сол.
Бакарни садови
Бакарните садови се сметаат за најдобри за приготвување на одредена храна и за правење карамел.
Може да се обноват со помош на сол и оцет. Едноставно, поросете ја површината со сол, па испрскајте со оцет и истријте со мека жица.
Чинии
Гребаниците на чиниите можат лесно да се отстранат со помош на сода бикарбона. Наросете сода на влажна чинија и истријте со цврстата страна од сунѓерот.
Теписи
Ќе ви биде потребно: 1 дел оцет и 2 дела вода. Измешајте ги оцетот и водата во однос 1:2 и префрлете ја течноста во шише со распрскувач.
Испрскајте ја дамката на тепихот и покријте со влажна крпа. Потоа вклучете ја пеглата на програм „пареа“ и ставете ја врз крпата 30 секунди.
Плочки
Исчистете ги фугите од плочките и вратете им го првобитниот изглед со помош на избелувач (кој во себе содржи хлор).
Растворете го во вода во однос 1:1 и пребришете ги фугите со овој раствор, а по потреба и плочките. Правете го ова со ракавици. После тоа задолжително проветрете ја просторијата.
Платнени обувки
Повратете ја белината од платнените обувки со следниот раствор: 1 кафена лажичка детергент за садови, 3 супени лажици хидроген и 2 супени лажици сода бикарбона. Со помош на стара четка за заби темелно обработете ја целата површина и оставете да отстои околу половина час. Потоа добро исперете ги обувките со ладна вода.