Челновите на Комисијата за заразни болести предлагаат нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик, но останува на ставот дека е рано да се размислува за укинување на мерката носење заштитни маски во училиштата поради, малиот процент на целосно вакцинирано население.
Во однос на училиштата, генерално ставот од претходно беше дека премногу е мал опфатот од вакцинација и се уште е рано за да размислуваме за укинување на таа мерка. Основната дискусија на состанокот денеска беше методологијата што ја предлагаме која ќе биде план за релаксирање на мерките и да се имаат точно одредени параметри врз основа на коишто ќе можеме да ги опуштаме мерките, изјави портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ.
Министерот за образование со свој став за ситуацијата го изјави следното:
За мене е поважно што скринингот во основните училишта што се одржа даде податоци дека бројот на заболени деца бил многу мал. Министерството за здравство во координација со Комисијата за заразни болести верува дека кога ќе сметаат дека ќе биде оправдано, ќе ја донесат мерката што ќе се однесува на олеснување за учениците.
Досега во земјата се направени вкупно 1.913.011 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.398, бројот на оздравени пациенти е 289.064, на починати е 9.104 а бројот на активни случаи изнесува 2.230.
извор: lokalno.mk