Не ретки се и препишаните дијагнози како анксиозност или срцебиење а повикувајќи се на пандемиската изолација за да после неколку дена се објави слика на инстаграм од ’рехабилитација“ во некој туристички центар.Ова, притоа се само неколку случаи, од неколкуте на кои обичен работник во приватниот сектор бил во можност да ги увиди.
Како државата и работодавците да се справат со лажните боледувања и кои се причините поради кои се врши злоупотреба на боледувања?
Правото на здравствена заштита е уставно загарантирано право на секој граѓанин. Во корелација со работните односи, правото на боледување е загарантирано за сите оние кои имаат состојба на одредено нарушување на здравствената состојба и таквите лица имаат право да отворат боледување.
Но се почеста е појавата на “лажни пациентите„ кои отвараат боледување поради тоа што сметаат дека кога ќе го искористат нивниот годишен одмор треба дополнително да се одмораат, па за таа цел отвараат боледување. За тоа време, “лажни пациентите” водат одмори, кафе-шеми, ноќни проводи, а забележани се случаи каде и со објави на социјални мрежи, самите се издаваат дека се “лажни пациенти”.
Па така има ситуации од следниот вид; по само ден од отварање на боледување да се објавува снимка на story на инстаграм од депилација на убави, долги, неотечени женски нозе, а “лажни пациентот” отворил боледување за појава на хроничен оток на нозете.
И тоа не боледување каде една недела препишува матичниот, туку боледување над еден месец, каде трошоците одат на Фондот за здравствено осигурување (оние трошоци за боледување до еден месец одат на товар на работодавецот).
Не ретки се и препишаните дијагнози како анксиозност или срцебиење а повикувајќи се на пандемиската изолација за да после неколку дена се објави слика на инстаграм од ’рехабилитација“ во некој туристички центар.Ова, притоа се само неколку случаи, од неколкуте на кои обичен работник во приватниот сектор бил во можност да ги увиди.
По ова се наметнува прашањето: Како државата, но и работодавците да се справат со “лажни пациентите” кои ги злоупотребуваат средствата на фондот, а кои може и треба да се искористат пофункционално и поправедно?
Нашите истражувања велат дека во 2011 имало некои обиди да се санкционираат ваквите појави и тоа со нови мерки и задолжителни казни, не парични како до сега туку казни затвор и тоа од 1 за пациентот до 3 за докторите. Но тие мерки не се изгласани ни спроведени.
Тогашните анализи потвдиле дека најмногу на боледување одат административците,Најмногу се издавале боледувања на јавната администрација– во источниот дел на Македонија наместо на работа се работело на нива.
Нашите исражувања велат и дека заради се почестата појава на овие лажни боледувања а и заради „врзаните„ раце на работодавачот за да ја докаже штетата која му ја прави работникот постојат и приватни детектвски агенции кои нудат услуги за откривање на лажни боледувања:
Детективската агенција нуди детективски услуги за вршење проверки и откривање на евентуални злоупотреби на лажни боледувања .По завршување на надзорот над лицето кое зема лажно боледување ,нарачателот на услугата добива извештај ,и врз основа на собраните сознанија и докази нарачателот на услугата може да ги користи во понатамошна постапка
„Истражувањата на случаи на сомневања во врска со злоупотреба на платено боледувања покажуваат голем процент на користење на боледување поради некои други причини кои немале врска со здраствената состојба,напуштање или заминување од местото на живеење ( одмор,патување ) ; извршување на друга профитабилна работа ( работа на црно или во друга конкурентна компанија) па оттука многу компании се соочија со пораст на бројот на вработени кои почесто земаат боледување.
Бројот на лажни боледувања е зголемен, што е потврдено со многуодишното искуство.
Има ли крај или начин да се санкционираат и да се стави крај на овие лажни боледувања?Кој е по виновен овде лекарот или работникот?Дали зајакнувањето на системот на санкции е решението?