„Пофали го колегата“ - Иновативна HR пракса преку која сите вработени во Нелт имаат можност да ги номинираат своите најдобри соработници, а на победниците им се доделуваат награди
Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со 4.000 вработени, во компании на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во регионот на потсахарска Африка – во Ангола, Замбија и Мозамбик и успешно опслужува повеќе од 100 клиенти.
Компанијата е основана во 1992 година, а нејзината основна дејност е дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка.
Што значи да се биде дел од тимот на Нелт?
Во согласност со развојот и зголемувањето на обемот на работа, Nelt забрзано се трансформира и успешно ги имплементира овие промени, одржувајќи добра работна атмосфера и секојдневно подобрувајќи ја работната средина. За да откријат кои области заслужуваат подобрување, тие на секои две години спроведуваат истражување за организациската култура, што служи како основа за донесување деловни одлуки.
Со цел да ги промовираат организациските вредности, неколку пати годишно иницираат различни интерни акции, во кои вработените со задоволство учествуваат. Една од нив е акцијата „Пофали го колегата“ во која сите вработени имаат можност да ги номинираат своите најдобри соработници, а на победниците им се доделуваат награди. Станува збор за едномесечна акција преку која вработените во сите компании на Нелт си упатуваат меѓусебни пофалби .
Со интерната акција „Пофали го колегата“, која традиционално ја организираме девета година по ред, избравме Нај колешки и колеги – истакнати поединци, носители на вредностите на Нелт. Во овогодинешната акција, доделени се преку 30 награди. Победниците беа прогласени на 9 февруари на онлајн Јавниот состанок на вработените – велат од Нелт.
Деспина, Владимир и Ангела се победниците од Македонија
Победниците од Македонија се Деспина Попоска, HR специјалист, која освои најголем број пофалби, како и Наградата „Нај колешка 2021“.
Специјалната награда за 24-часовна достапност на тимот и ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ ја освои Владимир Пашоски, супервизор на возен парк.
Aнгела Илиоска ја освои специјалната награда „Придонес за организациската култура“ за промоција на вредноста ДОЛГОРОЧНА ПЕРСПЕКТИВА.
Оваа акција е одличен стимул за вработените и огромно признание за добитниците на наградите.
„Пофали колега“ е иницијатива која се спроведува и во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Ангола, Замбија и Мозамбик
Да се биде дел од тимот на Нелт значи да се работи во големото Нелт семејство кое успешно работи на два континенти. Иницијативата „Пофали го колегата“ истовремено се реализира во сите овие земји, а сите добитници и доделувањата во сите земји можете да ги погледнете во видеото:
Сакаш да станеш дел од тимот на Нелт? Аплицирај за отворените работни позиции за Унапредувач на продажба - Охрид, Струга и Возач во меѓународен транспорт