Голем дел од Европа вчера и денес беше прекриен од африкански песок како резултат на песочна бура што го зафати африканскиот континент. Многу од медиумите во светот објавија фотографии од прекриени автомобили со портокалово-жолт прав, но најинтересни беа снимките од некои познати скијачки центри кои станаа портокалови.
Овој метеоролошки феномен не е непознат и кај нас, но овој пат е специфично што песокот од Сахара ноќеска во земјава стигна од север, а не од југ, како што е вообичаено.
Поради постојниот антициклон, песокот овој пат бил насочен кон југозападните делови на Европа, а потоа и кон централна Европа, а од таму се спуштил и кон нашата земја, објаснуваат тие.
За појавата уште утринава пишуваа и медиумите во соседството, па така во Србија сопствениците на автомобили во Нови Сад, Белград и во други градови ги нашле своите возила прекриени со прав.
Она што секако остави најголем впечаток се Алпите кои беа покриени со песок додека огромната бура од прав во Сахара ја зафати Европа упатувајќи се и кон Велика Британија.
Британски Мирор пишува дека сахарската прашина беше пренесена повеќе од 1.500 милји со воздушните струи и расфрлена над големи делови од Европа, па повеќе скијачки центри станаа портокалови, а такво беше и небото во Велика Британија.
Неверојатните фотографии направени во југозападна Франција покажуваат луѓе како скијаат на снег кој во текот на ноќта стана портокалов поради пустинскиот песок, пишува Мирор.
Феноменот е предизвикан од големите налети на ветрот кои ги подигнуваат малите честички од песок од студениот воздух на земјата во пустината во потопол воздух на небото, кој потоа се пренесува низ Медитеранот.
Скијачите не изгледаа вознемирени од новиот изглед на падините, па неколку беа сликани како продолжуваат со скијањето.
Претходно, научните студии сугерираа дека слоевите на сахарска прашина може да го зголемат ризикот од лавини на француските Алпи, иако тоа допрва треба да се докаже.
#SaharanDust over Iberian Peninsula/France & transport to Mediterranean + northern/central parts of Europe predicted for a couple more days then clearing over the weekend. @CopernicusECMWF Atmosphere Monitoring Service @ECMWF AOD forecast 16/03 00 UTC https://t.co/frMT6mBaqf pic.twitter.com/PPpmgpFJLJ
— Mark Parrington (@m_parrington) March 16, 2022