Децата кои поминуваат повеќе време користејќи мобилни уреди и компјутери или гледајќи телевизија имаат поголема веројатност да покажат проблеми во однесувањето како што се агресија, тешкотии во обрнувањето внимание, анксиозност и депресија, според анализата објавена од медицинското списание JAMA Psychiatry.
Во прегледот на податоците од 87 студии со речиси 160.000 учесници на возраст од 12 и помлади, оние кои поминувале повеќе време пред екран во текот на денот имале и до 20 отсто поголем ризик од проблеми во однесувањето, покажаа податоци, пренесе UPI.
Децата кои поминуваат повеќе време користејќи уреди со екран, вклучувајќи телефони, таблети, компјутери и телевизори, исто така имаат поголема веројатност да покажат симптоми на анксиозност и депресија, според истражувачите.
„Кога децата на возраст под 12 години поминуваат премногу часови на ден користејќи мобилни уреди, тоа може да се поврзе со некои проблеми во однесувањето, како што се агресија или тага“, изјави коавторот на студијата Шери Мадиган за UPI.