Дали некогаш сте размислувале за работа и живот во Австралија? Еве кои типови визи можат да ви овозможат привремен престој
Програмата за привремен престој во Австралија е направена така што им овозможува на оние кои доаѓаат во Австралија заради одредени цели, да допринесат за добробит на државата. Програмата опфаќа три категории:
1. КАТЕГОРИЈА НА ВИЗИ ЗА КВАЛИФИКУВАНИ РАБОТНИЦИ
– Бизнис визи
Oваа виза им дозволува на работодавците да регрутираат квалификувани лица од други држави, за престој не подолг од четири години. Работното место кое ќе биде пополнето треба да ги задоволува минималните барања за стручност и висина на платата.
– Визи заради едукација
Им дозволува на институциите и организациите за образование и истражување да ги пополнат академските, наставните и истражувачките работни места, поради тоа што не се во можност да го направат истото од австралиската берза на трудот.
– Времени визи за медицински работници
Оваа виза им дозволува на работодавците, или во некои случаи на Владата или општинските органи, да спонзорираат соодветно квалификувани медицински лица за работни места со кои ќе се задоволат потребите на берзата за труд, но престојот нема да е подолг од четири години. Добивањето на ова виза цврсто се фокусира на обезбедување услуги во руралните и оддалечени општини.
2. ВИЗИ ЗА СОЦИЈАЛНИ И КУЛТУРНИ КАТЕГОРИИ
Визи за привремен престој може да им се издадат и на лица кои учествуваат во некои спортски, забавни или културни активности.
– Визи за забавната индустрија
За лица кои се вклучени во голем број на социјални и културни настани и активности, со осврт на фактот дека треба да се заштитат австралиските државјани кои работат во таа индустрија.
– Визи за персонал од медиуми и филмски персонал
За кореспонденти и други професионални лица членови на медиуми пратени во Австралија од организации за презентирање на вести. Исто така за визитинг фотографи, филмски и телевизиски екипи кои снимаат документарци или комерцијални филмови за потребите на други држави.
– Визи за спортисти
За аматери или професионалци спортисти кои се натпреваруваат со државјани на Австралија.
– Визи за верски лица
За верски лица во кои спаѓаат свештеници и духовни водачи.
– Визи за пензионери
За пензионери кои имаат 55 или повеќе години, немаат зависни од нив роднини (освен сопруг/сопруга кој може да е на било која возраст) и сакаат да се преселат во Австралија за нивните пензионерски денови. Оваа виза е привремена и со неа не добивате постојан престој или државјанство. Лицата кои имаат ваква виза ќе треба да се способни финансиски да инвестираат во Австралија и да ги исполнат барањата за имот и приходи.
– Визи за визитинг академици
За лица чие што присуство во Австралија ќе придонеси за размена на истражувачки познавања.
3. МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ
– Визи за работен одмор
Овој вид на виза им овозможува на младите луѓе да ги искусат културата и начинот на живот во Австралија, преку подолготрајни одмори и повремена работа, со посебен осврт на одреден регион во Австралија. Програмата е интегрален дел од туристичката индустрија на Австралија, и исто така ја поддржува економијата во државата со тоа што обезбедува задоволување на потребите за труд во одредени дејности каде има потреба од сезонски работници.
– Визи за работа и одмор
Оваа виза е слична на претходната програма, само што апликантите за виза за работа и одмор, мора да обезбедат писмо со кое нивната влада им дозволува да престојуваат
во Австралија, да имаат третостепено стручно образование и познавање на англиски јазик.
– Визи за странски владини агенции
За лица вработени во странски владини агенции, кои извршуваат работни или едукативни обврски за добробит на нивната влада, а кои немаат дипломатски или официјален статус во Австралија.
– Визи за размена
За квалификувани лица кои доаѓаат од други земји, и кои сакаат да ги прошират своите работни искуства и вештини, според спогодбата за реципроцитет, која им овозможува и на државјани на Австралија слични можности во други држави. Тука спаѓаат и лица кои бараат влез според одредени билатерални договори за размена.
– Визи за специјални програми
За лица кои доаѓаат во Австралија според веќе одобрени програми, за да учествуваат во програмите за размена на млади, или некои други општински или некомерционални програми.
– Визи за дипломати
Им дава дозвола за привремен влез на лица кои патуваат во Австралија во дипломатска или официјална улога, по налог од министерството за надворешни работи и трговија (DFAT). За овој вид на виза треба да се пријават само прифатливи лица, без разлика на времето кое планираат да го поминат во Австралија.
– Визи за куќни помошници (Дипломатски/Конзуларни)
За персонал кој ги извршува домашните работи во дипломатските претставништва и конзулати во Австралија.
– Визи за професионална обука
Оваа виза им дозволува на лица од други држави да учествуваат во работни програми за обука или академски истражувања каде ќе се стекнат со повеќе и поголеми знаења во професијата што ја работат, тригодишните студии кои ги посетуваат или на експертско поле.
– Професионално усовршување
Оваа виза дозволува привремен влез на групи на професионалци,менаџери и владини службеници од други држави кои сакаат да ги зголемат нивните професионални/менаџерски способности со тоа што ќе учествуваат во програми за обука, дизајнирани и спонзорирани од австралиски организации.