Од 21 март е отфрлен условот за „зелен сертификат“ за сите активности и настани во Бугарија, досега ограничен, јави дописникот на МИА од Софија. Од истиот датум, наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко просуство според распоред, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50% од групите, а нема да се дозволи мешање на групи.
Предавањата ќе се одржуваат со 50% исполнетост на салите. И покрај укинувњто на зелениот сертификат, останува условот за редовно проветрување, дезинфекција и носење заштитни маски од страна на учениците и наставниците.