Кои сме ние?
Ние сме најголемата компанија за рециклирање хартија и картон во Европа и водечки провајдер за целосно рециклирање и управување со отпад. За разлика од други провајдери, ние не инвестираме во депонијии, бидејќи нашата цел е вашите ресурси целосно да ги претвориме повторно во нешто корисно. Всушност, повеќе од 40 години ние го пренасочуваме отпадот од депониите директно на рециклирање со што им овозможуваме на бизнисите да се фокусираат на својата примарна дејност.
Стани и ти дел од тимот од над 28.000 ентузијасти за амбалажa низ целиот свет!
Ние се обидуваме не само да привлечеме, туку и да ги задржиме талентираните и амбициозни ентузијасти за пакување, посветени на олеснување на товарот за нашите клиенти.
Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажa низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и отчетност.
DS Smith како компанија става голем акцент на грижата за своите вработени, нивниот развој, напредување и усовршување на работното место. Го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на стратегиските цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности.
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижливи, да прифаќаат предизвици, да се доверливи, одговорни и истрајни. Овие основни вредности нè водат при донесувањето одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни.
Ако сакате да станете дел од оваа амбициозна култура и вистински да напредувате во кариерата, погледнете што DS Smith им нуди на своите вработени и следете ги нашите тековни вработување низ целиот свет.
Ги охрабруваме сите кои бараат работодавач како DS Smith да аплицираат на отворенитe огласи, спремни сме да обучуваме нови колеги и да допринесеме за растот и развојот на компанијата!
Доколку сметате дека DS Smith е работодавачот кој го барате аплицирајте на job.skopje@dssmith.com, или пишете ни за какви било прашања поврзани со вработување во нашата компанија. Сите информации за компанијата можете да ги најдете на www.dssmith.com.
Што DS Smith им нуди на своите вработени?
Наш приоритет е вработените да се чувствуваат ценети и на сите да им обезбедиме неограничени можности за напредок. За таа цел развивме бенефициска програма која ги опфаќа сите вработени во DS Smith. Програмата вклучува:
- тимска работа, поддршка и одлична работна атмосфера
- oрганизирана храна од страна на компанијата
- дополнителен слободен ден како дел од recognition програма (кој можете да го поминете со вашето семејство)
- како дел од recognition програма секој месец DS Smith прогласува и наградува Работник на месецот (вредносни ваучери)
- секоја година се прогласува и наградува Работник на годината (вредносни ваучери)
- Wall of fame – место каде што се истакнуваат сите успеси на вработените
- глобална recognition програма Смитовци – “Препознај скриен потенцијал”
- тим билдинг активности
- месечни бонуси согласно остварени таргети
- обуки за развој на вработените креирани само за вработените во DS Smith
- on line платформа за обуки и унапредување на вработените
Сите активни огласи од DS Smith можете да ги најдете на ЛИНКОТ