Селото Албинен во Швајцарија објави дека бара жители и нуди по 21.500 евра по лице.
Се работи за село во кантонот Вале, кое одлучува за новата политика со која на странци ќе им понудат пари да дојдат и барем десет години да живеат во селото.
Сумата е 70.000 франци за четиричлено семејство.
Малото село во кое сега живеат 240 жители, е едно од многуте во Швајцарија, кои последните години се соочува со големо иселување на жителите.
Во селото има многу викендички, а жителите, посебно младите семејства, си заминуваат.
Само во последната година селото го напуштиле три семејства со вкупно 8 деца, па локалната власт морала да го затвори селското училиште.
Планот на локалниот Совет е на семејства или поединци, странци, кои ќе се одлучат да купат или изградат куќа во Албинен, да им подарат по 25.000 франци (21.500 евра) за секое возрасно лице во семејството и дополнителни 10.000 франци по дете.
Возрасните мора да бидат помлади од 45 години и да прифатат да живеат во селото најмалку 10 години.
Албинен е село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина, со поглед на долината Рона.
Во Европа имаше повеќе вакви понуди. И мали места во Италија нудеа пари за доселување на странци.
извор: galama.club