Сите веќе знаат дека електричните автомобили немаат толкав досег колку што ветуваат производителите
Но, колку далеку можете да стигнете ако не забрзувате или сопирате, туку само возите со 130 km/h на автопат? Тој тест го спроведе списанието Autobild од Германија.
При поголеми брзини, отпорот на воздухот е најголемиот непријател на електричниот автомобил. Колку побрзо возите, толку повеќе енергија троши овој невидлив ѕид пред шофершајбната. Особено кај електричните автомобили, опсегот во голема мера зависи од брзината.
Потрошувачката драстично се зголемува со 80 km/h. Затоа германскиот магазин испрати дури 28 модерни електрични возила на автопат, од спортски до градски автомобили. Победник е Mercedes EQS, кој успеа да помине растојание од 444 километри со едно полнење на батеријата. Најмалку помина Mazda МХ-30, која по 140 поминати километри беше целосно празна.
Вистинскиот досег на електричните автомобили при константна брзина од 130 km/h
- Mazda MX-30 140 km
- Peugeot e-Rifter 164 km
- Opel Combo e-Life 171 km
- Mercedes EQB 350 200 km
- VW ID.3 Pro 150 kW 216 km
- Mercedes EQA 250 222 km
- Cupra Born 170 kW 226 km
- Volvo XC-40 Recharge 227 km
- Opel Zafira-e 250 km
- Polestar 2 Long Range 254 km
- Polestar 2 Dual Motor Long Range 258 km
- Hyundai Ioniq 5 160 kW 261 km
- Mercedes EQV 273 km
- Kia e-Soul 280 km
- Hyundai Ioniq 5 4×4 290 km
- BMW i4 M50 299 km
- Tesla Model Y Long Range 304 km
- Kia EV6 305 km
- Škoda Enyaq iV80 316 km
- Audi Q4 e-tron 40 326 km
- VW ID.4 Pro 328 km
- VW ID.4 GTX 332 km
- Tesla Model 3 Performance 337 km
- Porsche Taycan 4S 352 km
- Audi RS e-tron GT 367 km
- Ford Mach-E GT 367 km
- BMW iX xDrive 50 434 km
- Mercedes EQS 444 km.