Најмногу е позната по своите моторцикли и автомобили, но компанијата Suzuki сака да го прошири полето на работа со возила кои ќе „возат“ по небото. Имено, Suzuki објави дека ги здружува силите со компанијата која прави летачки автомобили SkyDrive на развојот на електрични летачки автомобили со вертикално полетување.
И нема да чекаме долго за да ги видиме нивните возила на небото затоа што нивните планови се да имаат летачки такси возила во Осака до 2025 година.
За Suzuki ова партнерство ќе им помогне да ги додадат летачките автомобили како четврта гранка на бизнисот, покрај автомобилите, моторциклите и моторите за чамци и бродови.
SkyDrive моментално работи на компактен летачки автомобил со две седишта и планираат наскоро скалирање на производството. Во изјавата на Suzuki не откриваат дали тие ќе се приклучат на развојот на тоа возило.
SkyDrive развива и карго дронови и планира да ја лансира услугата летачки такси возила во Осака во 2025 година, кога градот ќе биде домаќин на World Expo.
Во заедничкото сооптение двете компании истакнаа дека работат на оворање нови пазари, а првичниопт фокус ќе им биде на Индија, каде што Suzuki има речиси 50% удел на пазарот. Suzuki планира да инвестира 1,37 милијарди долари во нивната фабрика во Индија за производство на возила и батерии.
Skydrive успешно го тестираше своето летачко возило уште во 2020 година. Томохиро Фукузава, директор на SkyDrive, изјави: „Од над 100 проекти за летачки автомобили на кои се работи сега во светот, само мал дел имале успешни тестови со пилот во леталото“.