Едниот ја напуштил полицијата , а другиот текстилнаа индустрија, сектори во кои работеле по завршувањето на нивното образование. Но тоа траело кратко, па решиле да станат млади земјоделци.
Браќата Игор и Тони Јовановски од Тетово веќе 17 години се фармери, односно се занимаваат со одгледување и производство на јајца од Јапонски Потполошки. Тоа стана и дел од нивниот живот. Целиот процес го водат сами, од оплодување на свежо јајце до негово производство, дистрибуција и на крај продажба. Затоа што биле први и сами на пазарот, подолг период се соочувале со голем број предизивци и препреки, но љубовта кон работата како што велат браќата ги одржува се уште во бизнисот.
Фармата е изградена 2011 година а почнавме со работа 2013. На почетокот почнавме со мало производство во тетовско Седларце и дома чувавме во подрумските простории. Идејата беше од еден другар мој, тој беше боди билдер од накаде набавувал и купувал јајца и тој рече ајде и ние. Идејата првична не беше ние да продаваме јајца туку само да произведуваме и друг на големо да ни ги откупува. Почнавме да чуваме потполошки, но оваа работа не беше регулирана со прописи и правилници, дека потполошката не се знаеше дали е птица или живина. И дојдоа ветеринарните инспектори да не регистрираа и после ни дадода дозвола да работаме со маркетите, па така регистриравме фирма. Но сега ова не е како фарма туку како одгледувачница, дека за фарма за потполошки нема уште правилник. И на почеток се соочувавме проблеми. На пример на јајцата од им ставаа печат ласерски и требаше на јајцата кои ние ги произведуваме да им ставаме печат, но тие се многу мали техничко е неизводливо. И така бевме ослободено од такво нешто. Најосновно сега е носење смет на испитување на органскиот отпад, вели Игор Јовановски.
На почетокот одеше тешко никој не знаеше што е тоа потполошка. Скап беше производот. Но после пресврт беше кога зедовме мостра од Србија пластични проѕирни паковки и се гледаа јајцата, дека не почеток продававме во картонски кутии и тоа се продаваше во маркет , а никој не знае што е тоа. И потоа ја намаливме цената и буквално работевме без профит, бевме упорни сакавме да го одржиме бизнисот. Само јас останав, а другите се откажаа. Со пластичната амбалажа значи ни појде народски кажано работава. Јас од платата купував храна колку да опстои бизнисот, дека работев во полиција. Во меѓувреме скопската фирма која ја вршеше дистрибуцијата пропадна, и тогаш останавме сами и ни остануваа повеќе пари. И кога почна да се троши робата почнавме да размислуваме за нешто поголемо , за објект а немавме пари ниту пак можевме да земеме кредит. И затоа моравме да одиме под кирија. Ама и ние на почеток правевме грешки, не знаевмо како точно оди целиот процес. Кога влеговме во овој објект во тетовско Жилче направивме грешки. На пример во вентилацијата и навистина имаше промет, и не произведувавме толку колку што ни бараа, ама пред две години падна прометот, но сега пак оди подобро и така, како и да е не сакаме да се откажеме од фармерството, вели Игор Јовановски.