Во рамките на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“, компонентата 1 - Примена на Матрицата за следење на напредокот на реформите во правосудството во Македонија, Центарот ангажира дваесет анкетари кои е потребно да извршат теренски истражувања врз основа на веќе структуриран прашалник во текот на месец октомври 2018 година, во основните и апелационите судови во Република Македонија.
Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
- Завршено правни студии со 180 ЕКТС кредити;
- Одлични комуникациски вештини;
- Одлични вештини на планирање, организирање и известување;
- Способност за работа со доверливи информации и материјали;
- Способност и желба за работа во тим.
Претходно искуство во прибирање податоци преку анкетни истражувања ќе се смета за предност.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV најдоцна до 27.07.2018 (петок), на e-mail адресата: contact@cpia.mk
Од своето основање во 2012 година, Центарот за правни истражувања и анализи работи во областа на владеењето на правото, пристап до правдата, демократизација, добро владеење, и човекови права. ЦПИА се залага за постигнување на своите цели преку активности поврзани со правни истражувања, развој на правни ресурси, мобилизирање на заедницата, градење правна свест и обезбедување правни совети и мислења.
За повеќе информации за програмата и за работата на Центарот за правни истражувања и анализи, посетете ја нашата веб страна: www.cpia.mk.
Оглас за ангажирање на 20 теренски истражувачи. Огласот важи за цела Македонија
Featured jobs
-
плата до 40.000 денари: РАМСТОР вработува
Конкурс за вработување во Рамстор на 16 работни позиции, аплицирај!
-
Огласите од МАКСТИЛ истекуваат на полноќ: Аплицирај денес!
МАКСТИЛ вработува на шест позиции, аплицирај!
-
Неделен пресек на огласите: Барате работа како возач? Погледнете кои компании бараат нови работници
Ви ги презентираме огласите за работа во сектор транспорт, дистрибуција и продажба. Достапни се позиции за работа во различни локации низ Македонија.
-
Американска транспортна компанија со канцеларија во Скопје вработува на 3 позиции!
Компанија која нуди сигурен, брз и безбеден транспорт низ цела Америка вработува во Македонија
-
ПРОМЕДИКА вработува на четири позиции
кандидати со и без работно искуство
-
Огласи за вработување во Меркур Македонија - 2 слободни позиции
2 слободни позиции