Црна Гора, според податоците на Светската туристичка организација (UNWTO), минатата година остварила најголем раст во туризмот на светот, соопшти министерот за економски развој, Јаков Милатовиќ.
„UNWTO ги препозна резултатите на Црна Гора кои се остварени во опоравување на туризмот минатата година“, напиша тој на Твитер, пренесе Мина.
Според податоците на UNWTO, Црна Гора минатата година остварила најголем раст во туризмот на свртот, и тоа за 249 отсто.
Од UNWTO велат дека Црна Гора, Кипар и Малдиви, предничат во растот за минатата година во однос на 2020.
„Мекрите кои помогнаа тоа да го постигнат се однесуваат на олеснување на ограничѕвањата за патување, сеопфатна помош кај Ковид-19, сигурносни протоколи и јасна комуникација“, соопштија од UNWTO.
Извор: nezavisen.mk