Хрватската репрезентација на овогодинешното СП во Русија им одржа лекција на многу репрезентации кои важеа за поголеми, посилни, помоќни и поподготвени. Токму затоа од оваа репрезентација има многу што да се научи и за спортот но и за животните предизвици воопшто. Па така издвојуваме 10 работи кои можат да се научат од Хрватската репрезентација
1. Не постои магична формула која ќе ви го донесе тоа што го сакате единствената формула е вашата работа и вашиот труд.
2. Не е доволно да се борите, тоа го може секој, треба да се борите чесно. Е тоа е малку потешко.
3. Не е важно тоа што другите го мислат за тебе Важно е ТИ што мислиш за себе!
4.Биди благодарен за се што проаѓаш , шансата која ја имаш денес е единствена!
5. Не се вообразувај со победата , ако останеш приземен и понизен ќе откриеш нова димензија на победата.
6. Во животот не играш сам, сметај на своите најблиски, и дели го со нив и доброто и лошото
7. Уживај во тоа што го правиш и знај дека ќе имаш многу повеќе моменти кога нема да ти биде баш забавно
8. Немој да се плашиш од големите бидејќи Божјите мерила не се исти како нашите Бог се гледа поинаку!
9.Во тешките моменти не се предавај туку биди подготвен да вложиш многу повеќе сила!
10. Кога нешто изгледа неверојатно тогаш предај му се на Бога и знај чудата доаѓаат само ако силно веруваш во нив!