Сон на многу луѓе кои често летаат со авион е да имаат приватен авион и да ги избегнуваат терминалите. Во зависност од вашиот буџет за патување, можеби и би можеле да изнајмите приватен авион за слетниот лет.
Летањето со приватен авион можете да си го дозволите полесно отколку што мислите. Ако летате најмалку 150 часа годипно, приватниот авион можеби би ви се исплатил повеќе од летањето со комерцијални летови.
Колку чини да се изнајми приватен авион?
Може да се каже дека мнознството луѓе немаат меѓу 1,4 и 20 милиони долари на сметка во банка за купување приватен авион. Покрај основните трошоци, морате да платите и екипаж, да купите гориво и да го одржувате леталото. Замената на една гума може да чини околу 2.000 долари.
Поседувањето авион е скапо.
Наједноставно за многу луѓе е да изнајмат авион, што се плаќа по час. Колку ќе платите, зависи од повеќе фактори како траењето на летот, големината на авионот, бројот на патници и тоа дали сте член на некој клуб.
Може да заштедите ако се приклучите во приватен аеро клуб. Основното членство во приватен аеро клуб е околу 1.000 долари месечно. На таа сума се додаваат трошоците за изнајмување на авионот, додека неограниченото членство во клубот може да чини 10.000 долари месечно.
Не морате да сте милионер за повремено да летате со приватен лет, но сигурно е дека мора да имате сериозна сума на пари за такво нешто.
Сепак, во САД има неколку начини на кои можете да летате со приватен лет низ земјата. Иако лесно може да чини и илјада долари за час, можно е и да се лета за 129 долари.
извор: факултети.мк
Колку чини летањето со приватен авион?
Zanimljivosti
-
Најголемата санта мраз на светот би можела да се распадне за месец дена
Научниците предвидуваат дека најголемата санта мраз во светот, А23а, ќе се распадне за еден месец, откако излезе од вителот каде беше заробена од јануари 2024 година, и тргна кон Антарктикот, пренесува Анадолија.
-
Моден водич за новогодишната ноќ – трендови, идеи и совети за секој буџет
Новогодишната ноќ е совршена можност да блеснете и да го истакнете вашиот личен стил.
-
Швајцарците се на пат да овозможат бесконечно производство на чоколадо од дел од зрното какао
За многумина чоколадото е незаменлив дел од новогодишните празници. Сепак, одгледувањето класично какао има своја горчлива страна. Според тоа, една швајцарска стартап компанија работи на алтернатива – производство на какао во прав во биореактор.
-
Слаткар направил божиќен колач со Сваровски кристали: Поевтината верзија чини 300 евра
Слаткарот Дарио Хартвиг направил панетоне со Сваровски кристали за Божиќните празници.
-
Пет земји во кои е забрането да се слави Божиќ
Иако Божиќ во многу делови од светот е симбол на заедништво, подарување и мир, во некои земји оваа традиција не е дозволена, па забраните често вклучуваат одржување на јавни настани, јавни миси или божиќни манифестации. Исто така, во некои земји не е дозволено јавно да се поставуваат новогодишни украси. Поединци кои ќе ги прекршат овие закони може да се соочат со казни.
-
Тенисерките убедливо најплатени спортистки во светот
Не се важни титулите, пасошот е важен. Ова старо правило на спортски маркетинг се покажа точно уште еднаш.