Владата и СОНК викендов ќе преговараат
Владата и претседателството на СОНК, придружено со претставници на дел од регионалните одбори на синдикатот во текот на претстојниот викенд остануваат во комуникација за да се најде взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување.
На состанокот во Владата е договорено во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.
На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.