Алжирец кој добил на лото 250.000 евра во Белгија, не може да ги земе парите бидејќи нема документи. Тој се обидува да го докаже својот идентитет за да си ја подигне добивката.
Според „Еуро њуз“, 28-годишникот купил грепка од пет евра во супермарк пред неколку недели и не бил во можност да ја подигне својата добивка.
Александер Верстраете, алжирски адвокат, изјави за АФП дека неговиот клиент работи на докажување на својот идентитет пред белгиските власти.
„ Мојот клиент е во незаконска ситуација, нема документи и нема жиро сметка. Ги бараме оние документи кои можат да го докажат неговиот идентитет, тој ќе мора да контактира со семејството во Алжир“, рече адвокатот.
Јавното обвинителство во Бриж отвори истрага за пронаоѓање на среќниот добитник.
Адвокатот вели дека човекот нема намера да поднесе барање за азил во Белгија и дека добил гаранција дека нема да биде депортиран додека не ја добие својата лотарија.