Во текот на денот, во повеќето продавници и хипермаркети, жителите на Врање, но и жителите на Македонија и на Косовско поморавје, не можеа да купат масло за јадење и шеќер, чии количини беа разграбани во раните утрински часови.
Сите количини масло за јадење се распродадени во раните утрински часови, а како што најавуваат трговците нови количини се очекуваат дури од понеделник.
Маслото за јадење за литар се продаваше по цена од 119 до 120 динари во зависност од производителот (околу 60 денари), додека шеќерот можеше да се купи по цена од 90 динари за килограм- ололу 45/50 денари.
Зголемувањето на побарувачката за масло за јадење и шеќер во Врање е поврзано и со вообичаената викенд посета на купувачи од соседните градови Куманово и Скопје од Македонија, како и купувачи од Косовска Каменица, Ново Брдо, Гњилане и Ропотово.