Силен земјотрес вечерва ја погоди Босна и Херцеговина
Бројни граѓани од Требиње, Зеница, Мостар и Сараево истрачаа на улиците. Од јачината на потресот се’ се тресеше речиси една минута, а граѓаните кои живеат на повисоките катови пријавуваат дека им паѓале предмети од силниот потрес, објави Аваз.
Според податоците на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот во 23.07 часот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтер.
Засега нема информации за евентуални жртви.