„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари. Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на суровината.
Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.
Со поскапувањето, „Брилијант“ ја изедначи цената на маслото за јадење со онаа на останатите македонски производители.
Анализите покажуваат дека македонските граѓани месечно трошат околу два и пол милиони шишиња масло за јадење.