Од средината на април, во Германија може комплетно онлајн да се склучат договори за лизинг за електричните СУВ-модели ID.4 и ID.5
Volkswagen стартуваше со онлајн склучување договор за лизинг за електричните модели ID.4 и ID.5 во Германија. Подоцна ќе биде понуден и ID.3,а се планира онлајн-понудата да биде достапна и во други држави.
Според шефот за маркетинг, продажба и постропродажба Клаус Целмер, со можноста целата процедура околу лизингот на возило да биде завршена онлајн претставува клучен чекор во дигитализацијата на продажбата, што е дел од стратегијата Accelerate. Volkswagen е меѓу првите големи производители на автомобили, со онлајн-лизинг за возила што може да се конфигурираат по желба, односно не станува збор за возила на лагер.
Истражувањата на Volkswagen покажале дека две третини од клиентките и клиентите посакуваат можност за онлајн-постапка за да дојдат до својот нов автомобил. Шефот Целмер цени дека е важно на клиентите да им се понуди врвно искуство на купување автомобил по онлајн-постапка, исто како што тоа се постигнува во салоните на марката. „На тој начин ја зајакнуваме нашата конкурентност“, заклучува Целмер, кој од 1-ви јули го презема шефовското место во Skoda.
Новата понуда на Volkswagen Deutschland овозможува целосно и едноставно онлајн-доживување. Тоа почнува од конфигурацијата на возилото, преку избор на опциите за лизинг, до дигитално потпишување и склучување на договорот. Постапката може да се изврши на десктоп, таблет или телефон.
Онлајн-продажбата не ја заменува традиционалната продажба во салон. Целмер: „Салоните се и остануваат наш лик насочен кон клиентките и клиентите. Тие се незаменливи за личното и стручно советување“
Онлајн-лизингот за нови автомобили понатаму ќе се прошири и со можност за купување во готово и за кредитирање. Германската марка од крајот на минатата година ги нуди на онлајн-продажба новите и користени возила што се наоѓаат на лагер.
извор: emigriko.mk