Сепак, паралелно со сето тоа, Јована работи со полно работно време во фирмата на нејзиниот татко како камионџија – вози шлеп, кипер и работни машини: виљушкари, ролери и багери.
Таа израснала во камион со своите татко и дедо, а кога браќата решиле да го продолжат семејниот бизнис, немало сомнеж дека Јована ќе им се придружи.
Снимките на нејзиниот Тикток најчесто се направени во тие возила. Вели дека цртањето во архитектурата ја смирува, а возењето ја прави среќна.
Иако таа не е единствената жена возач на камион во Србија, сепак тоа е реткост на овие простори, поради што често доживува смешни сообраќајни ситуации.
Најчесто луѓето се шокираат кога ќе сфатат дека зад воланот на ваквото чудо стои жена, ги туркаат своите придружници да им покажат или бараат од неа да излезе од возилото.
Таа е секогаш дотерана и нашминкана зад воланот, но тоа не ја спречува да го облече својот работен костим и да работи. Вели дека е полесно да се вози камион отколку автомобил.
– Кога се преместувам од камион во автомобил се чувствувам како да лежам на подот, буквално од коњ на магаре, гледам се одозгора, кога седнувам во автомобилот треба да се прилагодам, објаснува Јована.
На социјалните мрежи добива многу различни коментари, но најчести се понудите за брак кои и ги упатуваат мажите.
– На секој агол имам понуда да се омажам, a има и такви што велат „омажи се за мене, ќе ја одржуваме твојата фирма“, низ смеа открива Јована.