Ако ја посакуваш титулата „Најдобар работодавач“ на годината, тогаш ова е вистинското место за тебе!
Најголемото признание е кога вашите вработени ве прогласуваат за најдобар работодавач. Затоа, од оваа година ве покануваме да учествувате во истражувањето „Најдобар работодавач“ и да ја потврдите вашата позиција во елитното друштво на најдобрите македонски работодавачи.
Зошто е важно да се биде најдобар работодавач?
Во ова време кога недостигаат работници, кога свеста на работниците и побарувањата се на високо ниво, кога го бараат најдоброто за себе и не се подготвени на компромиси, вие можете да бидете пред времето!
Дознајте во кој дел вашите вработени се најзадоволни, или каде можеби имате недостаток, за кој не сте свесни. Истражувањето ќе ви ги покаже сите јаки, но и помалку јаки страни. Така ќе знаете каде треба да се подобрите, а каде да го задржите нивото. Оцените пак кои ги добиете јасно ќе ви покажат дали сте во врвот на најдобрите работодавачи!
Како? Така што ќе кликнете на pulser.mk и ке го активирате истражувањето! Вашите вработени комплетно анонимно, брзо и лесно ќе ги дадат своите оценки.
Приклучете се на истражувањето „Најдобар работодавач“ и за вашите потреби ќе спроведеме анонимен прашалник и ќе изготвиме извештаи кои ќе ги истакнат силните и слабите страни во управувањето со вработените. Ќе ви овозможиме и можност за споредба со други компании кои припаѓаат на истиот деловен круг,
Проверете го пулсот на вашите вработени и кликнете на pulser.mk
„Најдобар работодавач“ е анонимно истражување за организациската клима и задоволството од работата, кое хрватскиот МојПосао го спроведува од 2007 година а сега, Vrabotuvanje.com како нивен партнер го започнува истражувањето и во Македонија.
Наградите „Најдобар работодавач“ ќе се доделуваат на крајот на годината! Ова признание можете да го користите како релевантен фактор при објавување на огласи, или барање нови вработени.