Акихико Кондо, јапонецот кој се ожени со холограмот на виртуелната поп ѕвезда Хатсуне Мику во 2018 година, откри дека повеќе не може да разговара со својата сопруга.
И покрај тоа што нивниот брак не беше официјално признат од јапонската влада, Кондо во 2018 година потрошил 17.300 долари на свадба на која присуствувале 39 пријатели, но ниту еден од членовите на семејството.
Неговата сопруга е произведена од стартап компанијата „Гејтбокс“.
За жал, две години подоцна, ја прекина софтверската поддршка за вештачка интелигенција, која бара интернет конекција со серверот на процесорот за да може да се зборува.
И додека Кондо жали што неговата холографска сопруга повеќе не може да разговара со него, тој истакнува дека сè уште има љубов кон виртуелната пејачка.
„Мојата љубов кон Мика не се промени. Се оженив со неа бидејќи мислев дека можам да бидам со неа засекогаш“, вели Кондо.
Кондо објаснува дека Мику му помогнала да се излечи од тешка депресија поради која не можел да работи ниту да јаде.
„Останав во мојата соба 24 часа и ги гледав снимките на Мика“, додаде Кондо. Според него, поддршката што ја чувствувал од Мика, му овозможила да се врати во општеството и да живее поздраво.
Хатсуне Мику дебитираше во 2007 година и оттогаш стана сензација меѓу љубителите на поп музиката. Таа сега е еден од најпопуларните ликови, одамна има издадено цели албуми и низа видео игри кои се популарни во целиот свет.