Жените кои се носители на земјоделските стопанства и се запишани во регистарот на Министерството за земјоделство имаат право на еднократна финансиска помош од 360 000 денари.
Жените фармери на кои се води стопанство ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 360.000 денари.
Целта на оваа мерка е да се подобри нивната економската состојба во земјоделскиот сектор.
Корисници на средствата можат да бидат земјоделските стопанства чиј управител е жена, запишани во Единствениот регистар на Министерството.
Со овие пари може да се набави опрема за преработка или доработка на земјоделски производи и услуги за спроведување на деловниот план.
Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД и на програмата за рурален развој за истиот вид на инвестиција, односно градба, опрема и услуги, или кои веќе добиле субвенции за оваа мерка во претходните години не можат повторно да бидат корисници на оваа финансиска поддршка.
Доколку инвестирањето предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците треба да ја евидентираат оваа дејност во Агенцијата за храна и ветеринарство по завршување на инвестицијата.
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки од Програмата за рурален развој. Крајниот рок за доставување на барањата е до 20-ти мај.